Want to make creations as awesome as this one?

Transcript

Основни поими

Програма за табеларни пресметки Microsoft Excel

Содржина

Колона, редица и ќелија

Што ќе научиш

Видео лекција

Задача

Што е работна книга, работен лист и табела

Цели:

  • што е работен лист, работна книга;
  • што е табела, редица, колона и ќелија;
  • активна ќелија и адреса на ќелија;
  • како се додава, преименува и брише работен лист;
  • како се селектира ќелија и колона и како се подесува ширина и висина;
  • како може да се движиме низ табелите;

во оваа лекција ќе научиш:

Што е работен лист, работна книга и табела

Microsoft Excel е програма која овозможува табелирање на податоци, пресметки со податоците како и претставување на податоците со графиони.По активирањето на програмата се отвара работниот прозорец кој изгледа како на сликата.

Документот кој се креира во Excel се нарекува работна книга (Workbook). Секоја работна книга се состони од еден или повеќе работни листови. До работните листови се пристапува на долниот лев агол. Кога ќе се стартува програмата иницијално работната книга има еден работен лист - Sheet 1. Доколку сакаме да додадеме нов работен лист кликаме на малиот плус кој се наоѓа десно од листот. Ќе се вметне нов лист.

Иницијално имињата на работните листови се Sheet 1, Sheet2, . Името на работниот лист може да се смени со двоклик на него. На пример за да го смениме името на Sheet 1 двапати кликаме на него и го пишуваме новото име. на крај кликаме Enter.

Доколку сакаме да избришеме работен лист кликаме со десното копче од глувчето на името на листот и од листата со наредби која ќе се појави бираме Delete.

Манипулација со работни листови

Површината каде што се внесуваат податоците се вика табела. Таа е поделена на мали правогаолничиња наречени ќелии. Секоја ќелија претставува пресек на колона и редица.Секоја колона е означена со броевите од абецедата A, B, C....Секоја редица е означена со број 1, 2, 3....Колона се селектира со клик на буквата на колоната, а редица се селектира со клик на бројката на редицата. Ако сакаме да селектираме повеќе колони или редици само влечеме со глувчето по буквите/колоните.

Колона, редица и ќелија

Колона, редица и ќелија

Ќелијата бидејќи е пресек на колона и редица таа се означува со својата адреса која е составена од буквата на колоната на која и припаѓа и бројката на редицата. На пр. A2, B23, AB145,....Вo Excel се пишува само во активната ќелија. Активна е онаа ќелија на која сме позиционирани со глувчето. Се препознава по тоа што таа е обележна со подебели линии.На сликата активна е ќелијата D6.Низ табелата можеме да се движиме со глувчето, со тастатурата со стрелките за движење, ENTER за една ќелија надолу, TAB - една ќелија надесно.

Погледни го видеото

Видео лекција

Задача

Според адресите на ќелиите од откриј ја тајната порака. По завршувањето кликни на Finish. За да го испратиш решението кликаш на Email my answers to my teacher. Во полињата ќе пополниш соодветно како на сликата.За да ја отвориш задачата кликни на следниот линк.

Име и презиме

Информатика

gina_mkd@yahoo.com

Задача

Крај!