Want to make creations as awesome as this one?

Transcript

Наставник: СИЛВАНА КРСТЕСКА

E-SAFETY

Како да бидеме безбедни онлајн?

Како да бидеме безбедни онлајн?

Веројатно и ти не можеш да си замислиш ден без Интернет. Интернетот е одличен начин да се поврзеш со пријателите и семејството, да се поврзеш со светот, да научиш нови работи, да изградиш дигитални и други вештини, да споделиш фотографии, видеа и мислења. Ако се користи правилно, Интернетот може да им го промени животот на децата и младите, така што ќе ги поврзе со цел еден свет на можности за комуникација, учење и слобода на изразување. Има многу нешта поради кои сакаме да бидеме поврзани, но Интернетот, исто така, секојдневно се користи за погрешни намени и се злоупотребува, а децата и младиите се тие што ја плаќаат цената.

Биди љубезен онлајн. Поддржи ги своите пријатели така што ќе им испратиш позитивна порака, насмевка („ “) или лајк. Искористи ја моќта на Интернетот за да шириш позитивна енергија. Биди им поддршка на луѓето онлајн. Ако сметаш дека си видел како некого малтретираат, кажи го тоа. Допри до малтретираното лице и покажи му ја својата поддршка. Твоите зборови може да направат промена. Секогаш биди свесен дека твоите дела може некому да наштетат. Ако сметаш дека твоето однесување кон некого спаѓа во категоријата на силеџиство, можеш да го промениш своето однесување. Запри и побарај поддршка од некого. Извини се, признај ја својата грешка. Биди љубезен, уште денеска стани херој.

Еве што може да направиш денес:

Проговори. Ако видиш дека пријателите објавиле нешто за што би требало да се подразмислат, кажи им. Така ќе помогнеш да се намали идната штета. Запри го ширењето на штетните, невистинити пораки и објави така што нема да им ги препраќаш на другите. Сподели видеа за да пренесеш информација за безбедност онлајн и да ги поттикнеш пријателите на разговор. Провери си ги сетинзите и лозинките: дали лозинката ти е 12345? Да не си ја кажал/а на пријател/ка? Кој може да види што објавуваш онлајн? Кога последно си ги прегледал нагодувањата за приватност?

Еве што може да направиш денес:

Она што секогаш треба да го имаме на ум е дека – штом нешто еднаш ќе се објави, нема враќање.

  1. Не споделувај лични податоци, како што и податоци од твоето семејство.
  2. Никогаш не го внесувај бројот на кредитната картичка на родителите, на интернет, за да купиш порачаш нешто без нивна дозвола
  3. Не ги откривај лозинките што ги употребуваш за пристап до сервисите на интернет, за да не бидат злоупотребени.
  4. Не употребувај навредливи и непристојни зборови при разговор на интернет.
  5. Почитувај ги ставовите на другите луѓе и однесувај се пријателски при онлајн-комуникација

Како да го направиме Интернетот побезбедно место за сите нас?

Од тебе почнува сè! Не шири гласини, не споделувај свои и не споделувај туѓи приказни или фотографии чија намера е некого да повредат или понижат. Она што некому му се чини дека е невина шега, може длабоко да повреди некој друг.

Како Интернетот да стане побезбедно место за сите нас?

Запомни: Споделувањето на твојата лозинка за телефон или за некој друштвен медиум со пријателите, не е знак ниту на љубов ниту на верност. Твоите лозинки си се твоја приватна работа.

ВИ БЛАГОДАРАМ!

Силвана Крстеска