Want to make creations as awesome as this one?

Transcript

11 февруари-меѓународен ден на жените и девојчињата во науката

„Од некоја причина не наседнав на стереотипот дека науката не е за девојките. Добив поддршка од моите родители. Никогаш не наидов на учител или советник кој ми рекол дека науката е за момците. Сите мои пријатели ми го велеа тоа.“ – Сали Рајд (првата Американка во вселената)

Жената отсекогаш имала значајна улога во науката. Историски гледано, жените во минатото имале потешкотии да ги покажат и докажат своите способности, особено во научните сфери. Тоа ги натерало жените да вложат огромен труд и посветеност. Како дел од македонската историја на жени кои ќе ги исткнеме Роса Плавеа и Рајна Алексова.

Наназад низ историјата

Роса Плавева била македонска социјалистка, активистка за женското право на глас и меѓу првите жени политичари во отоманскиот период. Во 1917 година на нејзина иницијатива, околу 100 жени потпишале писмо кое повикувало на ослободување на Роза Луксембург , со која воедно и се допишувале како идеолошки современички. Во 1920 година ја основала Организацијата на жени социјалистки во Скопје. Роса Плевева е позната како “македонската Роса Луксембург”. Локално била нарекувана и “дели Роса” што може да се преведе како “храбра Роса”.

Роса Плавева

Првата школувана аптекарка не само во Македонија туку и на целиот Балкан била од Битола. Нејзиното име е Рајна Алексова, родена на 15 јануари 1883 годинаВо 1906 година добива диплома на француски јазик од швајцарските универзитетски власти.Рајна како прва жена на Балканот ќе добие специјална дозвола да работи како аптекарка. Во 1909 год. на Широк сокак, на главната улица веднаш до градскиот саат, во аптеката на нејзиниот брат Ристо, ќе биде отворена првата страница во професионалниот живот на првата фармацевтка на Балканот.

Првата жена аптекарка во Македонија

Во март 2011 година комисијата за статус на жени во ООН заклучи дека на жените и девојчињата ширум светото им е потребен поголем пристап до образование и обука во областа на науката и технологијата. Исто така им потребен еднаков пристап до вработување во овие области.На 20 декември 2013 година, Генералнотот собрание на ООН донесе резолиција со која се признаваат овие наоди. На 22 декември 2015 година, ООН го прогласи 11 февруари за Меѓународен ден на жените и девојчињата во науката.

  • На светско ниво, само 29,3% од истражувачите се жени. За Централна и Источна Европа, процентот изнесува 39,3%, за Северна Америка и Западна Европа е 32,7%, додека во Централна Азија тој изнесува 48,2%.
  • Во Европа, процентот на жени истражувачи е најмал во Холандија (25,8%), а најголем во Македонија (52,3%), покажува извештајот објавен во јуни 2019 година. Нашата земја е една од трите држави во Европа каде што има повеќе жени истражувачи отколку мажи.
  • Од земјите во регионот, во Србија 50% од истражувачите се жени, во Бугарија 49,1%, во Хрватска 47,7%. во Црна Гора 47,6%, во Босна и Херцеговина 46,8%, во Албанија 44,3%, во Грција 38%, а во Словенија 34,5%.

Жените остануваат малцинство помеѓу истражувачите гледано на глобално ниво. Извештај од Институтот за статистика на УНЕСКО за процентот на жени помеѓу истражувачите го покажува тоа.

Положбата на жените во науката низ светот

Положбата на жените во науката во нашата држава

  • „ФИТР (фонд за иновации и технолошки развој) овозможува рамноправно учество и пристап до еднакви можности на жените и девојките во науката.
  • Според ФИТР:Преку 13 од вкупно одобрените 34 иновациски ваучери финансиски се поддржани услуги за истражување и развој обезбедени од страна на жени вработени во академскиот сектор.
  • Кај училишните проекти финансирани под трите циклуса на “Предизвик за млади истражувачи” 72% од менторите кои ги предводат проектите се жени, 54% од учесниците вклучени во проектните активности се девојчиња/жени.
  • Во Северна Македонија, околу 21 проценти од вработените во ИТ секторот се жени.
  • Во рамките на програмата „Училишта на 21-от век, Британски совет создаде водич и спроведе низа активности со кои ги поддржа основните училишта да основаат клубови за кодирање како воннаставна активност. Во програмата учествуваа подеднаков број девојчиња и момчиња.
  • Работите се движат кон подобро, ситуацијата се подобрува и родовиот јаз се намалува.

„Не плашете се од тешката работа. Ништо вредно не доаѓа лесно. Не дозволувајте другите да ве обесхрабруваат или да ви велат дека не можете да го направите тоа. Во мое време ми се кажуваше дека жените не се занимаваат со хемија. Не гледав причина зошто не можеме да го правиме тоа.“ – Гертруда Елион (биохемичарка која ги создала лековите за леукемија, маларија, менингитис, херпес…, и добитничка на Нобелова награда)