Want to create interactive content? It’s easy in Genially!

Over 30 million people create interactive content in Genially

Check out what others have designed:

Transcript

Живот и дело наКочо Рацин

Поради сиромаштијата, тој морал да го прекине редовното школување и од својата тринаесетта година бил принуден да му се посвети на татковиот занает, работејќи во неговата грнчарска работилница.

Коста Апостолов Рацин е роден во Велес во семејството на Апостол и Марија Солеви.

Но, од најрана возраст тој ги засакал книгите и во секој слободен момент другарувал со нив. Тој неуморно ги читал делата на најпознатите писатели и мислители.

Кочо Рацин се смета за еден од основоположниците на македонската литература.

Кочо Рацин е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија.

Своите први песни Коста Солев ги напишал во 1928 година. Од таа година датира неговата љубов кон Рахилка Фирфова – Раца, која го инспирирала да ги создаде своите најубави љубовни стихови. Во периодот од 1928 до 1929 година, тој на Раца ѝ испраќал картички со љубовни изливи, а некои од нив ги напишал со сопствената крв.

Раца Фирфова

Своите први песни Коста Солев ги напишал во 1928 година. Од таа година датира неговата младешка љубов кон Рахилка Фирфова – Раца, која го инспирирала да ги создаде своите најубави љубовни стихови. Во текот на 1928-1929 година, тој на Раца ѝ испраќал картички со љубовни изливи, а некои од нив ги напишал со сопствената крв.

Песните што ѝ ги посветувал на Раца, вкупно 24 (19 напишани на српски и 5 на бугарски јазик), како и 31 картичка го сочинуваат поетскиот ракопис „Антологија на болката“. Иако Раца никогаш не му одговорила на неговите љубовни изливи и никогаш не размениле ниту збор еден со друг, љубовта на Рацин засекогаш останува бесмртна во неговите стихови.

Во чест на големата љубов кон девојката Раца, тој кон своето име го додал нејзиното, и оттука засекогаш ќе остане познат како Кочо Рацин. Во картичката од 6.10.1928 година, посветена на Раца, тој напишал: „Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност...“

Едно од љубовните писма испратени до Раца.

Освен овие песни, во првата фаза од неговото творештво спаѓа и обидот да напише роман – „Афион“, на српски јазик, кој не го довршил, а ракописот бил запален при неговото апсење во 1934 година. Во 1932 година, Кочо Рацин добил награда од хрватското списание „Литература“ за новелата „Во каменоломот“. Во 1932 година била издадена и стихозбирката „1932“, во која е објавена една од најсилните песни на Рацин – песната „Огномет“.

Во втората фаза од своето творештво, Рацин бил преокупиран со животот и експлоатацијата на македонскиот народ и пишувал на македонски јазик.

Песната „До еден работник“, првата негова песна напишана на македонски јазик, ја објавил во загрепското списание „Књижевник“, во 1936 година, по излегувањето од затвор. Подоцна ја напишал и објавил стихозбирката „Бели мугри“, која била отпечатена во близина на Загреб во 1939 година и постигнала голем успех.

Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми – според лирскиот вид, сите песни во збирката се социјални, а мотивите се: аргатски, печалбарски, за пропаднатите занаети, елегични и револуционерни. Насловот на стихозбирката е симболичен – тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви.

Аргатите не се слободни луѓе, тие се робови на експлоататорите. Принудени се да работат за друг за да преживеат. Во песната, со употреба на контрастот е потенцирана големата социјална разлика - „бели дробови - црни гробови“. Прикажно е трајното страдање на аргатите кои до крајот на својот живот ќе си го нижат ѓерданот од тешки денови. Поетот, тоа, метафорично го претставува како железен синџир од алки ковани.

На почетокот од песната, преку компарација, поетот ги опишува тешките аргатски денови, долги, неиздржливи, што започнуваат со надеж дека нешто ќе се смени, но завршуваат со истата тага и очај бидејќи ништо не се сменило.

КРАТКА АНАЛИЗА НА ПЕСНАТА „ДЕНОВИ“

Песната ја сочинуваат осум строфи и тоа четири со по четири стиха (катрени) и четири со по два стиха (дистих).

Поетот исто така употребува епитети (камења студени, маки големи, живот кучешки, синџир железен...), како и анафора:„Роди се човек - роб биди роди се човек - скот умри“ „За себе само ’ргај си за себе маки тргај си — нижи си ѓердан денови нижи си алки ковани“

Песната „Печал“ е со аргатски мотив. Поетот прашува дали сеуште има желба за живот во градите на работниците. Потоа раскажува за маките и тешкиот живот на аргатите.

Преку песната „Тутуноберачите“, Рацин ја прикажал вечната мака и лошото влијание на тутунот врз работниците и нивната работа од утро до мрак. Баладата за девојката Ленка, Рацин ја започнува со принуденоста на девојката да го остави подготвувањето на својот чеиз и поради сиромаштијата да оди и да работи со тутун. Преку стилската фигура градација, ја претставува нејзината трагедија. Нејзината болест, нејзината претсмртна мака и нејзината смрт. Кочо Рацин со песната „Копачите“ ги повикува работниците да тргнат во новиот ден. Тој ги повикува да се разбудат, да ја кренат главата од ропството во кое се наоѓаат и самите да си го создадат подобриот живот. Ги опишува страдањата и напорната работа на работниците.

Стиховите во песната „Балада за непознатиот“ пеат за „незнаен гроб“ под проклета врба во битолското поле на непознатиот јунак загинат во војната. Тоа е приказна за војникот од туѓина и за судбината на малиот, обичен човек. Почива тој сам и незнаен, жртвуван на слобода и човештина, но загинат како херој, како жртва за татковината.

Песната „Селски маки“ го опејува тешкиот живот на македонскиот селанец. Поетот гради прекрасни слики на селскиот амбиент, но во ноќите сè се уништува, како да шетала чума по полето. Денот и ноќта, светлината и темнината компаративно ја градат динамиката на стиховите.Песната „Проштавање“, Рацин ја има посветено на печалбарите. Мотивот е печалбарската разделба на мажот со својата сакана. Во разделбата изразснува љубовта, кога печалбарот решително ја повикува својата Вела да ја прегрне саможртвата за татковината.

Мотивот во песната „Утрото над нас“ е патриотски. Уште во првите стихови со избрани епитети, Рацин, ги доловува прекрасните слики на природата, на селскиот амбиент потонат како најсладок сон во утринската свежина и во раѓањето на новиот ден.

Основен мотив во песната „На Струга дуќан да имам“ е животот и работата на струшките мајстори. Темницата е симбол на злото што се вдомило и направило пустош во дуќаните, додека црвот овде го симболизира распаѓањето, изумирањето и уништувањето на занаетчиството.

Во песната „Елегии за тебе“ поетот зборува за тагата која ја чувствува за хероите кои загинале за слободата на татковината.Песната „Татунчо“ му е посветена на Бано и неговото прераснување во револуционер, односно моментот кога работникот веќе настапува како активен борец за ослободување на поробениот народ.

Кочо Рацин ги напишал и расказите: „Резултат“, „Златен занает“, „Татко“, „Тутуноберачи“, „Пладне“, „Еден живот“, „Радоста е голема“, „Јулус“, „Новак“, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика.

Покрај тоа што постојано творел, Кочо Рацин бил и член на Комунистичката партија на Југославија, уредник на илегалниот партиски весник „Искра“, а повеќепати бил протеруван и затворан од властите во Кралска Југославија. Во 1943 година тој се вклучил во Народноослободителната борба. Истата година, по пристигнувањето во одредот „Кораб“, тој станал уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат“ и подготвил две збирки со македонски народноослободителни песни. Вечерта на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, Рацин бил застрелан од Мино Миновски, партизанот кој го чувал пристапот кон печатницата. До овој несреќен случај дошло поради вродената наглувост на Рацин, кој не го слушнал повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што бил застрелан со смртоносниот куршум.

Триесетина години подоцна, тој повторно бил откопан и неговите останки биле пренесени во велешката Спомен-костурница, каде што се наоѓаат и денес.

Во чест на Кочо Рацин, неговата родна куќа во Велес во 1956 година била претворена во спомен-музеј, а од 1964 година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“.

Истиот ден кога се случила трагедијата, Кочо Рацин бил погребан на местото каде што загинал, а две години подоцна неговата мајка Марија, заедно со уште неколкумина негови соборци, успеала да го најде неговиот гроб и неговите посмртни останки биле пренесени на гробиштата крај црквата „Свети Пантелејмон“ во родниот Велес.

Во центарот на градот Велес е подигнат споменик на Кочо Рацин, кој сведочи за големината на славниот поет и револуционер. Неговиот лик е свртен кон прозорецот на мансардата каде што некогаш живеела Рахилка Фирфова – Раца, како постојано да ги повторува своите љубовни изливи, раскажувајќи за невозвратената љубов кон неа.

ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО!