Want to make creations as awesome as this one?

Активност во рамки на проектот https://plandoiran.eu ГАУС Институт – Фондација за нови технологии, иновации и тeхнолошки развој.

Transcript

#ДОЈРАН ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДЕЦА, МЛАДИНЦИ И ВОЗРАСНИ

13

ВОЗДУШНА БАЊА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО ДАЛИ СИ ЛОГОРУВАЛ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО НА БРЕГОТ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО?

  • Постојат повеќе бесплатни мобилни апликации со кои можеш да го истражуваш небото, ѕвездите, планетите...
  • Преку двоглед можеш да ја набљудуваш Месечината, а ако во друштвото имаш некој кој знае интресни податоци на овие теми твојата ноќ ќе биде незаборавна.
  • Возрасните од твоето семејство се супер друштво за ваква супер авантура или семеен излет на плажа.
  • Ако некој од вас свири гитара, еве идеја плус за супер тивка забава.
  • Можеби ќе поканиш со тебе некој постар член од семејството или соседството и ќе го слушаш како ти раскажува за неговото детство, за игрите во минатото...Ќе ти биде интересно да патуваш малку во минатото.
  • И неколу часа престој се доволни за ваков супер спомен.
ВНИМАВАЈ! - Оган не смееш да палиш! - За да ја збогатиш атммосферата користи теглички со свеќи и фенерчиња на батерии. - Биди тивок, не ја возмирувај околината, уживај во тишината, мирисите на природата, истражување и разговор. - Се разбира, отпадоците собери ги во кесичка и понеси си ја со себе на заминување. Ќе и го најдеш местото во првиот празен контејнер по патот за дома. ЗАДАЧА: Направи колаж, избери една најдобра фотографија или сними краток видео спот „ВОЗДУШНА БАЊА“ од едно вакво твое доживување, со најмногу плус 2 учесници(пријатели) задолжително заштитени со маски и на соодветна меѓусебна дистанца, а сепак во услови на внимателност најлесно е да биде со членови на твоето семејство. Тогаш бројот на учесници може да одговара на вројот на членови на семејството кое учествува. На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно ваквите активности можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона, интересни за лица од различни возрасти. Еве размисли и интересно сценарио за БУДЕЊЕ НА ДЕНОТ И УТРИНСКА ВОЗДУШНА БАЊА( утринско кафе, јога, пилатес...)

Живееш во Дојран, околината, блиски градови и села? Обиди се и ти, гостинот, туристот во Дојран. Биди ЛОВЕЦ НА ТАЈНИ, во супер предизвик, дел од проектот „ План Дојран“. Истражувај, креирај и освои една од супер наградите (таблет, MРЗЛИВИ СОФИ ( LAZY BAG), висечки лулашки, сувенири, чаши и слично) Предизвикот е отворен за учество на деца од 6 до 14 години, средношолци, младинци, граѓани од сите возрасти. Лица под 18 години имаат обврска да го известат родителот/старателот за своето учество, пред започнување на предизвиците и да го запознаат со темите за учество. Избери ги предизвиците што ти будат идеи и ајде во акција. Бројот на избрани теми, испратени материјали или сработени активности нема улога при избор на најдобрите. Најважен е квалитетот, идејата, уникатноста на производ кои ќе остават впечаток. По завршување на задачите што си ги избрал, вкупниот материјал постирај го како една единствена твоја објава, на нашата приватна Facebook група или во сандачето на групата Plandoiran.euДоколку кандидатот е малолетно лице, материјалите и податоците ги објавува родител/старател или самиот учесник заедно со контакт телефон од родител/старател во инбокс, за да ја потврдиме дадената согласност за учество. Во самата објава на вкупните материјалите ставете ги следните податоци : Име и презиме на учесникот кој го пријавувате или кој се пријавува себе си како автор. Возраст. Точно место на живеење (Се мисли на име на град или село) Телефонски број за контакт (во инбох) Меил адреса (во инбох) Најсупешните ќе бидат контактирани лично или преку родител/старател за малолетни лица и ќе бидат поканети на завршен настан, во Дојран, во обезбедени услови за почитување на мерките за дистанца и заштита. Симболични и главни награди се доделуваат на настанот, лично или преку лице овластено од ваша страна. Сертификати за учество на успешни учесници ќе се доделуваат дигитално во текот на престојниот месец. Организаторот нема можност да подмирува патни трошоци.

ОВА Е МОЈ И ТВОЈ УБАВ ДОЈРАН (Учествувај со фотографија или колаж од неколку фотографии) Ако сметаш дека фотографијата ќе биде поинтересна доколку си и ти на неа, замоли некој близок да те фотографира од позицијата и кадарот што ти како автор на идејата си го избрал. ПРЕДЛОГ ТЕМИ: 1. Фотографија од вистинската приказна на дедо Туше, за 1880 година, за возот кој правел „Фук Так, фук так...“ додека пристигнувал, а дечињата љубопитни трчале да го пречекаат во Дојран за да ги видат дамите во убави фустани и официрите кои слегувале од него....'' Приказната е запишана на листови хартија ставени пред вас на масите, на интересно место кое постои повеќе од 100 години, лесно достапна за секој. 2. Фотографија снимена од прекрасна локација на магичен објект од далечното минато до кој се стигнува преку 75 скалички и секој го посетува со почит, вера во Бог и восхит, а може да се забележи и од самата плажа, скриен помеѓу дрвјата на височинка. 3. Интересна фотографија на/со промотивниот џиновски знак на Дојран, сместен пред една од плажите. 4. Интересна фотографија на/со СПОМЕНИКОТ НА ДОЈРАНА (ДЕВОЈКАТА ОД ЛЕГЕНДИТЕ ЗА ДОЈРАН) 5. Интересна фотографија на/со ДОЈРАНСКОТО ВОЗЧЕ 6. Интересна фотографија во/со/до или пред ДОЈРАНСКО КАЈЧЕ 7. Во друштво на риболовците на брегот кои можат да ти опишат повеќе техники за лов, различни видови мамци за секој посебен вид на риба, нивни искуства, нивни анегдоти. Интересни теми за секоја можна возраст на граѓани, дури и за оние кои риболовот воопшто не ги интересира. Можеби ќе посакаш и да им се придружиш во ноќен рибиловолов или во риболов во раните зори... Секој учесник може да учествува со една своја фотографија која ќе ја избере за најдобра од овој конкретен предизвик или колаж од неколку фотографии. Забрането е превземање на туѓи професионални или аматерски фотографии објавени јавно од други лица, веб страни и слично.

ОГЛЕДАЛО НА МОЈАТА ЕКО СВЕСТ Испланирај и реализирај лична еко акција. Денес ти биди пример за гостите и домаќините. Можеби токму ти со твојата денешна акција ќе поттикнеш и други граѓани и гости да внимаваат на своите отпадоци за време на престојот на отворено. Заштити се со маска и нараквици за една употреба. Отпадоците собирај ги во посебни кесички за селекција на стакло, пластика и хартија. Замоли некој да те фотографира од позиции и кадри што сам си ги избрал или направи селфи фотографии.

  • Направи колаж од најмалку 4 фотографии кои „зборуваат“ за твојата акција.
  • Или сними „блогерски“ краток филм или промотивен спот, за да промовираш еко навики.
Финалистите ќе имаат можност да учествуваат во утрдување на реален модел „Лов на позитивци“, неколку модули од моделот и да сфатат зошто е оваа тема важна заедно со пристапот за нејзина промоција.

Дали знаеш како се правел ДОМАШЕН САПУН во минатото? Интересно е. Прашај некој да ти раскаже и да ти покаже. Многу домаќини го прават и денес, го комбинираат и со ливчиња од тревки и цветови. Доколку смесата ја распоредат во калапи со форми за колачи, ваквите сапунчиња се супер подарок и сувенир за спомен на гостите. Многу би сакала и јас како турист во пролет или есен да имам прилика да учествувам во вакво традиционално правење на домашен сапун заедно со домаќини од тој крај. Предлог активности:

  • Напиши рецепт за домашен сапун, фотографирај го за споделување.
  • Фотографирај домашен сапун од твојот крај
На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно ваквите активности можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона, интересни за лица од различни возрасти.

СЛАТКОТО ОД ЗЕЛЕНИ СМОКВИ е специјалитет карактеристичен за Дојран. Домаќините ги пречекуваат своите гости со лажичка вусно слатко, а туристите купуваат теглички слатко за дома. Ако не си сигурен како се прави слаткото од зелени смокви замоли некој да ти раскаже. Традицијата е вредно богатство и сите треба да ја чуваме. Јас се изненадив кога дознав дека токму досетливоста и вештината за правење слатко од диви смокви го спасила народот од глад во далечното минато кога разбојнички банди им ја украле сета друга храна во регионов. Колку би ми било интересно оваа приказна некој да ми ја раскаже точно во дворот на ЦРКВАТА СВ.ИЛИЈА.... Можеби во дворот на Св. Марија Магдалена, главната манастирска црква во комплексот Партениј Зографски, во двор на домаќинство, или до СААТ КУЛАТА, заедно со историски податоци за часовникот, црквите... Што можеш да направиш во врска со оваа наша супер домашна реклама? Еве неколку предлози:

  • Смисли сцена за фотографирање, реквизити, место... Потоа замоли некој да те слика. Можеби на твојата фотографија ќе јадеш од вкусното слатко, можеби ќе послужуваш некој друг, традиционално, со мерак, со послужавник и чаша ладна вода...Можеби на твојата фотографија нема да има ликови, но сепак ќе успееш да направиш уникатна фотографија со фокус на ова домашно богатство. (смееш да испратиш најмногу 2 фотографии со различен концепт)
  • Или, сними видео, твоја кратка реклама од 30 секунди до најмногу една минута. (Во оваа категорија можеш да учествуваш и со видео запис, независно што си решил да испратиш и фотографија)
На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно ваквите активности можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона, интересни за лица од различни возрасти.

Можеби ти знаеш што е тоа МАНДРА, но дали знаеш точно како изгледал традиционалниот лов на риби во мандри и кои птици го помагале, за да можеш да му раскажеш на некој друг? Истражувај или замоли некој да ти раскаже повеќе. Интересно е. Некои туристи знаат како изгледа, но податоци ретко кој знае. Можеби еден ден ќе не одведеш на прошетка со чамец или на кајакарење ќе ни раскажеш за мандрите, за Пајонците кои живееле во наколни живеалишта, ќе ни кажеш и податоци за езерото...за должина на брег, најголема длабочина, колку видови риби живеат во него... Потоа тој ден можеби и јас ќе пробам рибина чорба, карактеристична за овој регион и ќе ја јадеме на брегот, на зајдисонце или рано наутро додека светот спие, пред почетокот на нашата авантура. А што можеме сега? Еве предлог задачи поврзани со темите МАНДРА И РИБИНА ЧОРБА. Избери што ти се допаѓа:

  • Направи селфи или замоли некој да те фотографира пред мандра. Каде ќе најдеш МАНДРА? Истражувај:-)
  • Направи краток видео спот или информативна видео презентација до 30 секунди или најмногу минута на тема МАНДРА.
  • Обликувај МАНДРА со редење трски врз некоја подлога, на песок, хамер или слично (како жива слика) и фотографирај ја направената слика или направи селфи со своето дело.
  • Запиши рецепт за традиционална рибина чорба, фотографирај го за споделување,
  • Направи интересна фотографија, а на неа рибина чорба.
  • Сними некој како ја подготвува рибината чорба (се разбира со негова дозвола)
  • Направи селфи, кратко видео до 30 секунди или колаж на кој покажуваш како уживаш додека јадеш рибина чорба во природа, можеби на брегот, онака излетнички, авантуристички...
На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно селфито и блогрескиот филм можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона.

КАДЕ Е БУНАРОТ СО ДЕВЕТ КАТАНЦИ? Постојат повеќе легенди за настанувањето на ова езеро. Истражувај, интересно е. Една од легендите раскажува дека во старо време, на местото каде денес се наоѓа езерото, постоел бунар кој го користеле сите луѓе од околината во времето кога дома немале чешми. Навечер го заклучувале со девет катанци. Една вечер убавата Дојрана заминала со стомните да наполни вода и таму се сретнала со саканиот. Наполнила вода, но занесена од љубовта кон момчето, заборавила да го затвори деветиот катанец. Таа ноќ од бунарот почнала да претекува вода која ја преплавила целата котлина и така настанало езерото. Понудените предлог задачи поврзани со темата:

  • Илустрирај ја легендата. Фотографирај го цртежот за доказ.
  • Напиши сосема нова, уникатна легенда за настанокот на ова езеро, твое лично дело. Фотографирај ја за доказ.
  • Најди бунар, најди стомна и партнер. Смисли сцена според легендата. Облечи се во автентична облека и замоли некој да ве фотографира за да избереш фотографија или за да направиш еден фото колаж за учество. Направете краток видео спот доколку ова ви се допаѓа повеќе од идејата за учество со фотографија, или испратете и фотографија и видео спот.
Финалистите ќе имаат прилика да учествуваат во креирана игра со два модули и во утврдување на реален план поврзан со темата. Зошто оваа тема е толку важна? Ќе дознаеме во Дојран.

ДОЈУРАН ЗА СПОМЕН Знаете што е тоа ДОЈУРАН? Тое е паричка што јас ја измислив денес, а ја именував по едно од старите имиња на градот. Според некои кажувања за историјата, Турците кои поминале преку замрзнатото езеро за кое мислеле дека е големо поле, градот го именувале како Дојуран, што во превод значело „гостопримлив народ кој ги нахранува гладните гости“. Пред тоа градот се викал Полин... можеби и поинаку пред Полин (Истражувај за историјата на овој град, интересно е)

  • Замислете колку би било интересно кога градот би имал и свои банкноти и монети ДОЈУРАНИ, како сувенир и спомен, а со нив туристите би можеле да си купуваат неколку локални услуги, или производи за спомен.
Имаш ли идеја како би можела да изгледа монетата, а како банкнотата Дојуран? Кој е твојот предлог?
  • Нацртај , фотографирај и испрати го својот предлог во форма на една фотографија или еден колаж од неколку фотографии.
Финалистите ќе имаат можност да учествуваат во презентација на факти и реални примери за важноста на Дојуранот.

ДОЈУРАН НА ЖЕЛБИТЕ И кога сме кај паричките Дојурани, еве две интересни игри со нив. Можеш да ги изиграш со твој направен ДОЈУРАН обложен во фолија, или со ДЕНАРЧЕ.

  • Направете торта од водена песок со калап или кофичка, онака како што прават дечињата.
  • Двата играчи, еден по еден го стиснуваат ДОЈУРАНОТ во дланка и си смислуваат 2 желби. Една за себе и уште една за партнерот кој игра со него.
  • ДОЈУРАНОТ го ставате најгоре, на средината, врз тортата.
  • Сега еден по еден, наизменично, треба да пресекува (со трска) парче од тортата, но внимавате да не се распадне и паричката да стои на местото што подолго.
  • Ако тортата (или паричката) се распадне додека ти пресекуваш, твојот партнер е победник и паричката е негова за спомен.
Изиграј ја играта со партнер и замоли некој да те фотографира додека играш или сними кратко рекламно видео со кое ќе повикаш и некој друг да ја изигра оваа игра како предизвик до јавноста. Внимавај. За време на играта, фотографирањето или снимањето на оваа игра, задолжително е учесниците да носат заштитни маски поради близината, освен доколку се членови на исто семејство. ИГРА БРОЈ 2- БУНАРОТ НА СРЕЌАТА ПОТРЕБНИ РЕКВИЗИТИ: Пластично шише од 5 литри, пресечено и полно со вода. На дното на шишето стои ниска и потесна чаша. 1 кесичка со 10 монети од по 1 денар/Дојуран КАКО СЕ ИГРА? Замисли три желби. Едната за себе, едната за некој што си го сакаш и третата за Дојран. Земи ги монетите. Пропуштај ги во „бунарот“ полн со вода, една по една, со цел да ги сместиш во чашата оставена на дното. За време на играта твоите прсти со кои држиш паричка не смеат да ја допрат водата. Успешен си ако успееш во чашата да вметнеш барем половина од паричките. Сними „блогерски“ краток филм/ТИК ТОК , фотографија или селфи за ја промовираш играта како предизвик . На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно ваквите активности можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона, интересни за лица од различни возрасти.

ДАЛИ СИ ГО ВКУСИЛ ЛЕКОВИТИОТ ДОЈРАНСКИ ЧАЈ? Дојранските маслинки се познати по својот вкус и квалитет, но дали знаете за лековитите својства на ливчињата од маслинка? Дали сте вкусиле чај од маслинови ливчиња? Топол или ладен, збогатен со мед, лимон или без тоа, сеедно е вкусен, а го олеснува лекувањето на преку 20 болести и помага во јакнење на имунитетот кај човекот. Многумина доаѓаат во Дојран и околината токму поради него, но некои не се вопшто информирани за ова, а би можел да им помогне. Доколку сакаш повеќе информации на оваа тема замоли некој возрасен да ти раскаже или да те упати кај некој што знае. И ти можеш да бидеш чувар на традицијата и здравјето. Ајде да направиме супер реклама за ДОЈРАНСКИОТ ЛЕКОВИТ И ВКУСЕН ЧАЈ. КАКО?

  • Направи интересна фотографија на која некој (или ти) пие ваков ладен чај, сервиран креативно, со мраз, лимон, мед,... на интересна локација (покрај езеро, во семеен двор под ладовинка...) Можеби ќе избереш фотографијата да биде без ликови и на неа да се прикажува само креативна презентација на сервираниот чај... (смееш да испратиш најмногу 2 фотографии со различен концепт)
  • Или направи кратка видео реклама. (Во оваа категорија можеш да учествуваш и со видео запис, независно што си решил да испратиш и фотографија)
Ова се само идеи. Веруваме дека можеш да бидеш супер и на свој начин, доколку имаш подобри идеи од нашиве примери. На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно ваквите активности можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона, интересни за лица од различни возрасти.

КАЛТА КАКО СОЈУЗНИК Знаеме за лековитоста на водата полна со алги кои на езерото му даваат зеленкаста боја. За лековитоста на калта слушнале и туристи од Англија па си направиле и интересна фото сесија од нивното доживување во Дојран. Преданијата велат дека, по секоја битка, овде доаѓала војската на Александар за да ги залечи своите рани и болки од борбите. Ајде да направиме интересна реклама (фотографија/колаж или кратко музичко видео) за промоција на традицијата за лекување со калта од ова езеро. Осмисли сцена, избери локација и кадар и направи интересни селфи фотографии или замоли некој друг да те слика според твојата замисла, а можеш да се одлучиш и за снимање на кратко музичко видео од 30 секунди до најмногу една минута. Внимавај! Фотографијата/колажот и/или филмот кој содржи провокативни и непристојни сцени ќе биде дисвалификуван, независно од креативноста на самата идеја и кадар. Можеби овој предизвик ќе го изведеш во соработка со баба или дедо. Здравјето и лековитите својста се привлечни и потребни за сите возрасти. Имај го и тоа во предвид. Ова е само идеја. Дозволен број на докази за објава од овој предизвик:

  • Eдна фотографија или еден колаж
  • и/или едно кратко видео
Финалистите ќе имаат можност да учествуваат во утрдување на реален модел, неколку модули од моделот и да сфатат зошто е оваа тема важна заедно со пристапот за нејзина промоција.

ЦРНО-БЕЛ ВРЕМЕПЛОВ Во Стар Дојан се наоѓаат рушевините на историска бања, Амам. Не се знаело кога е изградена, а работела до 1916 година. Во неа имало повеке простории од кои едни биле за жени, а други за мажи и во секоја просторија имало чешми. Водата за капење се загревала во казан на дрва. До Амамот ја носеле од езерото, преку ќерамидни цевки долги 2 километри. Во него се одржувала посебна церемонија за секоја идна невеста, посебно моминско бањање пред свадбениот ден. Идната невеста ја капеле неколку другарки или жени од семејството, со стомни, преку долга бела ноќница во која била облечена за време на бањањето, а на косата била накитена со венче од природни цвекиња. Ајде да го вратиме минатото преку интересна, креативна, сцена на ритуално момачко или девојачко бањање, снимена или фотографирана пред АМАМОТ или на друго автентично место. Можеме нели? Замисли дека твојата акција „утре“ може да привлече туристи од различни возрасти (млади, возрасни, пренизонери, во различни периоди од годината) кои сакаат да слушнат за историјата, а воедно и самите да учествуваат во ваков предизвик за спомен.

  • Избери погодно место, интересен кадар од каде можеби ќе се гледа и дел амамот во позадина. (Не застанувај блиску до рушевините, опасно е! Фотографии и снимки снимени во ризична близина ќе бидат дисквалификувани.)
  • Обезбеди неколку стомни, леген и/или слично по твој избор за доловување на минатото...
  • Облечи долг бел фустан или наметка (било што за автентичен изглед на СКРОМНА, ПРИСТОЈНА девојка од минатото) или бела кошула кратки пантолони ако си момче.
- Учествувај со една фотографија ИЛИ еден колаж од неколку сцени. - Доколку сметаш дека видеото е подобра идеја, сними кратко музичко видео до најмногу 30 секунди. Можеш да учествуваш и со фото и со видео материјал истоврмено, доколку одлучиш. Што и да правиш внимавај да биде пристојно. Фотографиите и спотовите кај кои ќе бидат проценети вулгарни содржини и елементи ќе бидат дисквалификувани и тргнати од преглед. За овој предизвик најдобро е да соработуваш со твојот родител/старател и така ќе бидеш сигурен дека си на вистинскиот пат при избор на облеката, реквизитите и пристојното однесување. За доловување на оваа сцена можеш да вклучиш најмногу две твои другарки/другари заштитени со маски за заштита од Ковид 19. На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно ваквите активности можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона, интересни за лица од различни возрасти.

ВОЗДУШНА БАЊА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО ДАЛИ СИ ЛОГОРУВАЛ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО НА БРЕГОТ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО?

  • Постојат повеќе бесплатни мобилни апликации со кои можеш да го истражуваш небото, ѕвездите, планетите...
  • Преку двоглед можеш да ја набљудуваш Месечината, а ако во друштвото имаш некој кој знае интресни податоци на овие теми твојата ноќ ќе биде незаборавна.
  • Возрасните од твоето семејство се супер друштво за ваква супер авантура или семеен излет на плажа.
  • Ако некој од вас свири гитара, еве идеја плус за супер тивка забава.
  • Можеби ќе поканиш со тебе некој постар член од семејството или соседството и ќе го слушаш како ти раскажува за неговото детство, за игрите во минатото...Ќе ти биде интересно да патуваш малку во минатото.
  • И неколу часа престој се доволни за ваков супер спомен.
ВНИМАВАЈ! Оган не смееш да палиш! За да ја збогатиш атммосферата користи теглички со свеќи и фенерчиња на батерии. Биди тивок, не ја возмирувај околината, уживај во тишината, мирисите на природата, истражување и раговор. Се разбира, отпадоците собери ги во кесичка и понеси си ја со себе на заминување. Ќе и го најдеш местото во првиот празен контејнер по патот за дома. Направи колаж, избери една најдобра фотографија или сними краток видео спот „ВОЗДУШНА БАЊА“ од едно вакво твое доживување, со најмногу плус 2 учесници(пријатели) задолжително заштитени со маски и на соодветна меѓусебна дистанца, а сепак во услови на внимателност најлесно е да биде со членови на твоето семејство. На завршниот настан ќе зборуваме со примери за да сфатиме зошто и како точно ваквите активности можат да бидат вистинско богаство, но воедно и како да направиме организирана понуда на која никој не може да и одолее, соодветна токму за периоди во годината кои се надвор од бучната сезона, интересни за лица од различни возрасти. Еве размисли и интересно сценарио за БУДЕЊЕ НА ДЕНОТ И УТРИНСКА ВОЗДУШНА БАЊА( утринско кафе, јога, пилатес...)