Want to make creations as awesome as this one?

Transcript

Брзиот начин на живот и секојдневната борба во одржување на обврските резултираат со се поголем број на здравствени проблеми. Поради тоа, за да се потсетиме на важноста и грижата за здравјето, ја покренуваме иницијативата “Педалите вртатат кон здрав живот” со која велосипедизмот ќе стане навика и потреба, потреба на современиот човек да биде еколошки посветен и да живее во склад со природата.

“Среќа не можете да купите но можете да купите велосипед, тоа е доволно блиску”

START

Децата учат од она што го гледаат - затоа со личен пример да им покажеме како да возат велосипед: - Држете ги со двете раце рачките на велосипедот !- Погледнете лево и десно кога преминувате преку улица. - Давајте сигнал со раце кога вртите лево или десно. - Секогаш користете заштитан кацига. - Возете по велосипедска патека. - Навечер секогаш вклучувајте ја светилката. - Не поминувајте блиску до пракирани автомобили. - Кога возите во друштво, возете еден зад друг. - Возете од десната страна на улицата. - Почитувајте ги сообраќајните знаци и светлосните сигнали.

10 главни причини за возење на велосипед: 1.Ќе стигнете побрзо - ова особено се однесува на големите градови со големи сообраќајни метежи. 2.Ја подобрува вашата кондиција, ја одржува целосната здравствена сосотјба на телото и ви го продолжува животниот век. 3.Ја поттикнува работата на мозокот - многу- пати досега е докажана врската помеѓу кардио- респираторните вежби и подобрите резултати на менталните тестови. 4.Ја чува планетата и ја намалува загаденоста. 5.Станувате подобри во останатите спортови. 6.Ја подобрува вашата креативност - го зголемува протокот на кислород до сивата маса кога е тоа најпотребно, што влијае на работата на невроните. 7.Согорува повеќе масти - велосипедизмот претставува и одлична можност како на здрав начин да ги отстарните вишокот на килограми. 8.Ја поттикнува работата на срцето и белите дробови - кога возите велосипед користите 10 пати повеќе кислород од седењето пред компјутер, за што вашето срце и бели дробови ќе ви бидат благодарни. 9.Стекнувате пријатели - групното возење на велосипеди претставува одлична забава. 10.Бидете среќни - возењето велосипед сигурно го зголемува вашето расположение. За да се подигне свеста кај децата и возрасните за велосипедизмот посетете некој од јавните настани посветени на возењето велосипеди. "Животот е како возење со велосипед. За да одржите баланс, морате постојано да се движите." - Алберт Ајнштајн

Николина Ќорвезироска