Want to make creations as awesome as this one?

Transcript

КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

Компјутерска мрежа е група од два или повеќе меѓусебно поврзани компјутери. Мрежно поврзаните компјутери може да се наоѓаат на помало или поголемо меѓусебно растојание и да бидат поврзани со различни уреди – жични или безжични.

Видови компјутерски мрежи Oсновни видови компјутерски мрежи според меѓусебната оддалеченост на поврзаните компјутери се : • Локална компјутерска мрежа (LAN – Local Area Network). • Широко распространета компјутерска мрежа (WAN – Wide Area Network).р

ЛОКАЛНА КОМПЈУТЕРСКА МРЕЖА – LAN LAN мрежата поврзува компјутери кои се наоѓаат на мало меѓусебно растојание. Пример за локална компјутерска мрежа се меѓусебно поврзаните компјутери во една училница, канцеларија, куќа, зграда и слично.

Можности на локална компјутерска мрежа Поврзаните компјутери може меѓусебно да делат заеднички хардверски уреди, како печатар, скенер и др., може да си разменуваат програми и фајлови и слично. На пример: Печатарот или скенерот поврзани на еден компјутер од мрежата може да ги користат за печатење и скенирање сите останати компјутери иако не се директно поврзани за нив. Податоците и програмите може да се пренесуваат од еден на друг компјутер без користење на CD-а или USB меморија

Под Windows поврзаните компјутери во локалната мрежа и делливите уреди и фолдери може да се видат и користат со избор на иконата My Network Places од десктопот или од Start менито.

Од менито Места → Мрежа се пристапува до компјутерите и уредите во мрежата кои споделуваат ресурси.

Широко распространета компјутерска мрежа – WAN WAN мрежата поврзува компјутери на меѓусебно големо географско растојание. На пример, во една држава, во различни држави или континенти. WAN мрежата може да се замисли како мрежа од LAN и WAN мрежи на големо географско растојание. Уреди за поврзување во WAN мрежа се: трансокеанските кабли, сателитите, телефонски линии и слично. Најголемата WAN мрежа во светот се вика Интернет.

Уреди за поврзување на компјутерите во LAN мрежа За поврзување во локална мрежа секој од компјутерите поврзан во мрежата треба да има своја мрежна картица. Уредот кој го овозможува и организира преносот на податоците меѓу компјутерите во локалната мрежа се вика свич (switch). Кај помалите локални мрежи свичот може да биде дел од уредот рутер (router). Рутерот е уред кој овозможува една локална мрежа да се поврзе со други мрежи (на пример, други локални мрежи или Интернет).

You can write an amazing subtitle here. lorem ipsum dolor sit amet

+ INFO

ИНТЕРНЕТ Замислете си милиони компјутери низ целиот свет меѓусебно поврзани на најразлични начини, кои комуницираат и разменуваат информации. Тоа е Интернет мрежата! Интернет е најголемата WAN мрежа во светот и затоа ја викаат и Светска компјутерска мрежа. Можеме да ја замислиме како мрежа од компјутерските мрежи низ целиот свет.