Want to make creations as awesome as this one?

Transcript

- Бројни форми за лица- Приближни броеви

Броеви

Во македонскиот литературен јазик се користат посебни бројни форми кога има определена бројност на лица од машки пол. пр. Трчаа двајца патници. двајца - бројна форма патници - именка од машки родБројните форми за лица од машки род се образуваат од простите броеви.пр. два - двајца три - тројца четири - четворица пет - петмина, петина шест - шестина, шестмина

Бројни форми за лица

Броевите со кои се искажува приближна бројност се се образуваат на два начини:- со поврзување на два последователни броја: три-четири, пет-шест, седум-осум;- со наставката -ина: десетина (луѓе), петнаесетина (деца), стотина (учесници).

Приближни броеви

01

Вежби

- Две реченици во кои ќе употребиш броеви што означуваат определено (точно) количество.- Две реченици во кои ќе употребиш броеви што ќе означуваат приближна бројност.- Две реченици во кои ќе употребиш бројни форми за лица.

Напиши шест реченици според следните барања:

+ info

ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битоланаставник: Александра Упалеe