Want to make creations as awesome as this one?

Transcript

Македонски јазик

СПОРЕДБА МЕЃУ РАСКАЗ И РОМАН

ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола

Расказот е куса епска творба во која се раскажува за еден настан или еден момент од животот на главниот лик. Понекогаш може да се спомнат и други настани и ликови кои се тесно поврзани со главниот лик.

раскажување (основна карактеристика)

лик и ликови (ликот во делото е и вршител на дејството, покрај луѓето ликови може да бидат животни, растенија, измислени суштества, апстрактни поими и сл.)

Атрибути на ликовите: Под атрибут на ликот подразбираме особини, белези што ги дознаваме додека читаме. Некои од нив ги кажува нараторот, додека другите ги дознаваме за време на читање преку нивните постапки или дијалози со другите ликови.

Мотиви се помали делови од општата тема. Во еден расказ може да се сретнат повеќе мотиви

Темата најчесто се поврзува со насловот на делото, но не секогаш. Тема е она што се зборува во едно дело.

Идејата е главна поента во делото, пораката на авторот (што сакал авторот да каже).

Тема, мотив и идеја

ВИДОВИ РАСКАЗИ

Според настаните што ги обработуваат, осносно според содржината расказите се делат на: РЕАЛИСТИЧНИ ХУМОРИСТИЧНИ ФАНТАСТИЧНИ СЕМЕЈНИ

ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола

Роман е долга епска прозна творба, со развиена фабула, поголем број на ликови и настани. Во него се опфатени повеќе случки од животот на луѓето.

Покрај главниот лик во романот се јавуваат и други ликови - споредни ликови

Споредните ликови се застапени за објаснување на главни настани и обично се спротивни на главниот лик.

Во романот се застапени: главна тема - предмет или проблем за кој се зборува и споредни теми - кои обично се поврзани со главната тема. Романот опфаќа широк временски период и има историско-општествена основа.

Видови романи

Според темата романот може да биде: историски авантуристички семеен љубовен

- Кои се основните карактеристики на романот? - Каков може да биде романот според темата што ја обработува? - Кој е твој омилен роман? Напиши кратка содржина за твојот омилен роман.

- Кои се основните карактеристики на расказот? - Кои се сличностите/ разликите помеѓу расказ и роман? - Кој е твој омилен расказ? Прераскажи го!

Расказ

Роман

Задачи: Одговори на следните прашања!

ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола предметен наставник: Александра Упале Ви благодарам на вниманието!